Синот на пејачката Гоца Божиновска, Мирко Шијан и неговата свршеница Бојана Родиќ на 18 септември ќе го изговорат своето судбоносно „ДА“ во еден луксузен ресторан во центарот на Белград.
Имено пред да дознае Бојана дека повторно е бремена парот ја договорил свадбената прослава во месец септември оваа година.
View this post on Instagram
-Веќе сите знаат кога ќе биде свадбата, дури после Нова година кога Мирко ја запроси Бојана, но двајцата имаа толку обврски што ресторанот го закажаа дури по роденденот на Мирко на почетокот на овој месец, вели извор близок до парот.
Тој раскажува дека Бојана во меѓувреме забременила по втор пат, па тоа им е дополнителен товар.
View this post on Instagram
Како што се очекува на свадбата ќе има многу познати личности, а најмногу пејачи со кои Гоца Божиновска со години се дружела.
View this post on Instagram