вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Грција спречи илегален влез на 25.000 мигранти во август

Грција спречи илегален влез на 25.000 мигранти во август

Грчкиот министер за јавен ред, Такис ​​Теодорикакос изјави дека за помалку од еден месец грчките власти спречиле околу 25.000 мигранти илегално да влезат во државата.

– Само во текот на август досега 25.000 илегални мигранти се обиделе да влезат преку грчко-турската граница. Тоа е многу голем број, рече Теодорикакос.

Тој ја обвини Турција дека ги насочува барателите на азил кон Грција и додаде дека притисокот врз копнените и поморските граници со Турција „прераснува во посебна закана за интегритетот и безбедноста на Грција“.

-Очигледно е дека турската страна систематски, методично и сложено ги користи овие нес реќни луѓе, рече Теодорикакос.