Премиерот Зоран Заев денеска ќе ја пушти во употреба пречистителната страница во Прилеп, проект кој го започна ВМРО-ДПМНЕ во 2014. година.
Со оваа пречистителна станица загадувањето на реката ќе се сведе на минимум, а со тоа ќе се овозможи одгледување на поквалитетни земјоделски производи.
Според проектот, поставени се 70 километри нови цевки за фекална канализација.
Напоредно со смената на канализациони цевки се изврши и промена на водоводната мрежа, како продолжување на проекто на КФБ банката.
Бенефитот од овој проект најмногу се чувствува кај загубите на вода. До пред почнувањето на изградбата Прилеп трошеше 360 литри вода во секунда, а за време на изградбата таа се намали од 200 до 220 литри вода во секунда.
Со ова Прилеп е еден од ретките градови кај нас каде отпадните води ќе бидат 100% пречиститени, a земјоделското производство може да се сертифицира како еколошко и органско.
Проектот е вреден 17 милиони евра, инвестицијата 85 отсто е обезбедена со европски пари од ИПА 3 компонентата, а 15 проценти ги покри државата.