четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Наплив на мигранти од Албанија во Велика Британија

Наплив на мигранти од Албанија во Велика Британија

Бројот на Албанци кои го минуваат Ла Манш со бродови е драстично зголемен во последните месеци, иако во соопштението на Министерството за внатрешни работи, Велика Британија ја смета Албанија за безбедна земја.

Властите на Велика Британија мака мачат со зголемувањето на бројот на мигранти кои со мали чамци го минуваат Ла Манш, а најмногу доаѓаат од Албанија и најавуваат забрзување на протерувањето на барателите на азил.

Британската имиграциска служба брзо ќе ги депортира барателите на азил од Албанија, во обид да го спречи приливот на луѓе кои влегуваат во земјата ризикувајќи ги своите животи, пренесува АП.