На 25.08.2022 во 11:10 часот во гостиварско Орќуше, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 23-годишниот Б.С. од Република Албанија поради сомнение за непријавен престој на подрачјето и негова инволвираност во кражба на огревни дрва.
Од Б.С. било одземено патничко моторно возило „фолксваген пасат“ без регистарски ознаки.
Се расчистува и документира случајот и против него ќе следува поднесок.