Денеска (27.08.) околу 08,10 часот на автобуска станица кај Зелен пазар во Скопје, од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар бил приведен Т.А. (38) од Скопје, кај кого бил пронајден украден паричник. Паричникот бил на 49-годишно лице од село Вруток-гостиварско, кој што претходно пријавил дека на 26.07.2022 на железничката станица во Скопје му бил одземен од непознато лице. Против Т.А. по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.