сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Кил и Филип Јиха ја продолжија соработката до 2026 година

Кил и Филип Јиха ја продолжија соработката до 2026 година
Handball - EHF FINAL4 Men's Handball Champions League - Final - THW Kiel v FC Barcelona HB - Lanxess Arena, Cologne, Germany - December 29, 2020 Kiel's Sander Sagosen celebrates after the match REUTERS/Thilo Schmuelgen

Поранешниот репрезентативец на Чешка, Филип Јиха, кој во текот на 2019 година го презеде кормилото на Кил, ќе остане тренер на „зебрите“ до 2026 година. Раководството на еден од најдобрите клубови во Европа реши порано од предвиденото да го продолжи договорот со чешкиот стратег.

Јиха со Кил имаше договор до следното лето, но поради добрите настапи, челниците на клубот целосно му ја дадоја довербата и го наградија со договор за уште три, односно четири сезони.

Екипата на Кил за три сезони под водство на Јиха двапати ја освои титулата во Бундеслигата, ја освои и Лигата на шампионите и Купот на Германија, како и две титули во германскиот Суперкуп.