Хрватската ракометна легенда Домагој Дувњак за првпат имаше шанса да игра во Битола. Кил го победи Еурофарм Пелистери, а играчот беше импресиониран од атмосферата.
„Пред сè, честитки за Еурофарм Пелистер за феноменалната борба. Беа вистински борци, а и оваа публика е неверојатна, ги водеше и држеше играчите цели 60 минути. Јас првпат сум тука и уживав на теренот. Победи нашето искуство, можеби тука и нашата одбрана имаше удел, ама Пелистер е млада екипа и ваквите натпревари добро ќе дојдат за иднината. Им посакувам се најдобро“, изјави Дувњак по натпреварот.