Репрезентацијата на Нигерија беше во игра за пласман во осминафиналето на Светското првенство до последното коло во групната фаза, а впрочем, само неколку минути ја делеа од место меѓу најдобрите 16 во директната пресметка со селекцијата на Аргентина.
Сепак, голот кој го постигна Маркос Рохо ги остави Нигеријците без остварување на сонот и играње во нокаут рундата на мундијалот, но сега капитенот на оваа селекција открива дека споменатиот натпревар бил најтежок за него во играчката кариера, не поради случувањата на теренот, туку поради семејната драма која се случила само неколку часа пред одигрувањето на натреварот.
Оби Микел доби анонимен повик на четири часа пред пресметката и му било кажано дека неговиот татко е киднапиран од криминалци во Нигерија, а искусниот играч за врска сега одлучи да обелодени низ се што минал во изминативе дена откако цела оваа драма имала позитивен крај.
-Добив еден повик на четири часа пред натпреварот за да ми кажат што се случило. Ми кажаа дека експресно ќе го убијат мојот татко ако информирам некој од селекцијата или ако се јавам во полиција. Само најтесниот круг на мои пријатели знаеја што се случува. Не му кажав ниту на селекторот, не сакав мојот проблем да се претвори во проблем и за другите играчи пред еден така важен натпревар. Сакав да разговарам со сите, но не можев. На крајот, одлучив да играм и покрај тоа што мојот таткто беше во рацете на криминалци, морав да се справам со таа траума. Бев емотивно скршен и морав да донесам одлука дали сум ментално подготвен. Бев збунет, не знаев што да направам, но на крајот одлучив дека не можам да изневерам 180 милиони Нигеријци. Морав да го ставам случајот со татко ми на една страна и да ја претставувам мојата земја, открива Оби Микел кој додава дека овој немил настан среќно завршил во текот на вчерашниот ден.
– Мојот татко беше ослободен на позитивен начин вчера попладне. Им благодарам на полицајците за напорите кои ги вложија, а истовремено и на сите оние кои ми испратија пораки за поддршка. За жал, мојот татко сега е во болница како последица на тортурата која ја добил од грабнувачите, завршува нигеријскиот