четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Каменос: Превземам обврска да нема ратификација на договорот!

Каменос: Превземам обврска да нема ратификација на договорот!

Панос Каменос смета дека договорот од Преспа е „лош“ и најави дека неговата партија „Незавсни Грци“ нема да гласа за негова ратификација.

Грчки медиуми пренесуваат негова изјава во која ветува дека ќе превземе обврска да нема ратификација на договорот.

-Да расчистиме некои работи од почеток. Како прво моето отсуство од Владината седница вчера беше во контекст на решавање на една состојба во Министерството за одбрана каде што беше потребна континуирана телефонска консултација, и нема врска со сценаријата кои што ги пишуваат медиумите денеска. Сега, што се однесува на темата Скопско. За да завршиме со оваа тема мора да бидам целосно јасен. Ја видовте и информацијата од седницата на советот на партијата АНЕЛ и одлуката што ја донесовме. За нас Договорот од Преспа нема никаква тежина и обврзување за земјата се до ратификацијата во Грчкиот Парламент. Сите други  обврски се оние кои треба да ги превеземе државата Скопје. Без овие обврски, се наоѓаме, и ќе се наоѓаме, се до ратификацијата во грчкиот Парламент на состојбата од Букурешт (2008). Поточно состојбата за покана кон НАТО беше ратификација во Скопскиот  Парламент. Сакам да кажам дека и оваа ратификација која што е во иницијална фаза, не е валидна со оглед дека не го има пописот од Претседателот на ПЈРМ. Нема никаква важност, вели Каменос.

-Второ. Како што кажа Премиерот Ципрас  и Генералниот Секретар Столтенберг, не може да има некаква обврска од Грциja, или процедура во НАТО се додека не заврши референдумот во Скопје и изгласувањето на уставните измени во парламентот. За да завршиме со ова, изјавувам чисто, јас ја превземам одговорноста, како Претседател на партијата/движењето АНЕЛ, како партија што е во Владата. Не може да одиме на ратификација на договорот без мислењето на грчкиот народ. Грчкиот народ ќе одлучи. Или доколку одлучат Нова Демократија и ПАСОК го сменат мислењето и со 180 пратеници го изгласаат. Тука не можеме да направиме ништо. Нема да дозволиме без дозвола од грчкиот народ и за тоа постојат два начина: или преку референдум или избори, да се ратификува договорот. Ја превземам јас обврската, ратификација на договорот нема да постои, порача лидерот на „Независни Грци“

Најнови вести