сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Валтер: Против Веспрем да играме и да уживаме

Валтер: Против Веспрем да играме и да уживаме

Тренерот Ларс Валтер смета дека против Веспрем во полуфиналето рецептот за успех е ако неговиот тим игра слободно без притисок.

„Беше фантастично против Мешков Брест. Фановите ја завршија својата работа и беше многу важно за нас да имаме таква поддршка. За мене посебно беше емотивно, бидејќи бев во многу клубови во Европа, но вакво нешто не сум видел досега. Беше задоволство, беше фантастично. Наша цел беше да стигнеме на „фајнал-фор“ на СЕХА лигата и сега имаме голем предизвик во името на Веспрем, еден од најдобрите светки клубови. Треба да одиме таму и да уживаме, да играме слободно. Тука ја гледам нашата шанса.  Од недела во недела учиме и учиме заедно. Тоа е она што треба да го правиме во следните месеци и мислам дека околу Божиќ ќе го видиме вистинскиот лик. Се надевам дека нема да направиме многу грешки по пат и цел ни е секој натпревар да биде што е можно подобар“, изјави данскиот стратег на клупата на Еурофарм Пелистер.