четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на СДСМ во здравството ја плаќаат граѓаните со своите животи

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на СДСМ во здравството ја плаќаат граѓаните со своите животи

Зоран Заев повторно ги лаже граѓаните, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува нивното соопштение, реакција на изјавата на Зоран Заев на тема здравство

Според најавите на премиерот, буџетот за бесплатно болничко лекување на пензионерите ќе изнесувал 7.6 милиони евра или околу 440 милиони денари.

Ако на таа сума се додадат и долго најавуваните:

– плата од 100.000 денари на докторите, што е околу 1.5 милијарди денари на годишно ниво

– за 100% повисока плата на останат медицински персонал, што значи за околу 6.8 милијарди денари годишно поголем буџет,

– воведување нови лекови на позитивна листа што толку ги најавуваа (околу 250 милиони денари годишно)

– и фамозниот нов Клинички центар од речиси половина милијарда евра

Тоа се вкупно околу 10 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ кои дополнително треба да се предвидат во буџетот за здравство, или едноставно кажано тоа е речиси половина од буџетот на ФЗОМ.

Со нула проценти економски раст, пари во распничкиот буџет за овие проекти нема. За СДСМ е поважно да се набавуваат луксузни возила од фирмите донатори на партијата. За жал неспособноста на СДСМ во здравството ја плаќаат граѓаните со своите животи.

Оваа ненародна власт мора да си замине. Македонија ќе победи

Најнови вести