вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

ДВОЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ГРЦИЈА – луѓето во паника, вториот потрес уште повеќе посилен од првиот!

ДВОЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ГРЦИЈА – луѓето во паника, вториот потрес уште повеќе посилен од првиот!

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во средата во морската област кај егејскиот остров Самос, се наведува во соопштението на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри југозападно од градот Питагора, соопшти Институтот. Длабочината била 12,8 километри, а земјотресот е регистриран околу 13 часот и 10 минути. Во моментов нема извештаи за жртви, пренесува ekathimerini.com.

Уште еден слаб земјотрес се случил претходно во 12:56 часот во истото подрачје.

Беше измерено дека земјотресот бил со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала и дека е регистриран на длабочина од околу 10 километри.