сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Два автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација, изречени соодветни санкции

Два автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација, изречени соодветни санкции

На 30.08.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај два автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници.

При контрола на автобусите со струшки регистарски ознаки, управувани од Ц.П.(41) од с.Ложани, струшко и А.И.(33) од с.Франгово, струшко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.