На 30.08.2022 околу 11:00 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на ул.„Јане Сандански“ во Свети Николе со тешки телесни повреди се здобил А.Ј.(29) од Свети Николе додека изведувал работни задачи за приватна фирма од Штип.
Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.
Се работи на расчистување на случајот.