среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски на средба со Рот: Владата која ја води Македонија нема кредибилитет да управува со државата

Мицкоски на средба со Рот: Владата која ја води Македонија нема кредибилитет да управува со државата

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите на партијата Александар Николоски и Тимчо Муцунски, како и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски, оствари средба со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Германскиот Бундестаг, Михаил Рот.

На средбата од страна на Мицкоски беше истакната благодарност за помошта која до сега сме ја имале од Германија, како на патот кон евроатлантските организации, така и економски.

Мицкоски истакна дека моментално владата која ја води Македонија нема кредибилитет да управува со државата, и дека дополнително сите чекори кои што ги влече, ја водат државата во економска неизвесност и катастрофа.

Беше предочено дека владата воопшто нема капацитет да се справи со кризата која ја имаме, а во голема мерка е резултат на домашно генерирана неработа и криминал, но и дека очекувањата на граѓаните и стопанството од власта се песимистички.

Мицкоски истакна дека народот бара надеж, и дека се потребни избори, и промена на власта. Дополнително беше истакната и заложбата на партијата за членство во ЕУ.

Најнови вести