Како што е веќе познато, денеска завршува летниот преоден рок во најсилните европски лиги, а јасно е дека до вечерва на полноќ нè очекува вистински спектакл на фудбалскиот пазар. Утрото почна мирно што се однесува до трансферите, но набрзо добивме големо изненадување и трансфер кој никој не го очекуваше.
Имено, италијанските медиуми објавија дека Артур Мело сигурно го напушта Јувентус, но никој не очекуваше дека бразилскиот играч за врска ќе ја продолжи кариерата во дресот на Ливерпул.
Јувентус и Ливерпул веќе постигнаа конечен договор околу Артур, кој до крајот на сезоната ќе игра во англискиот клуб како позајмен играч, а „црвените“ ќе имаат шанса да го откупат неговиот договор следното лето.
Бразилецот денеска треба да ги помине медицинските прегледи, а потоа се очекува и официјална потврда за неговото доаѓање во Ливерпул. Артур го загуби местото во тимот на Јувентус, па Макс Алегри не сметаше на него оваа сезона и беше јасно дека ќе ја напушти „Старата дама“.
Бразилецот пристигна во Јувентус летото 2020 година како дел од трансферот на Миралем Пјаниќ, но не успеа да ги оправда очекувањата во клубот од Торино.
Here’s Arthur Melo traveling to UK right now in order to complete his move to Liverpool on loan. 🚨🔴🛩 #LFC #DeadlineDay@romeoagresti ⤵️🎥 pic.twitter.com/92aB2yJxQ2
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 1, 2022