недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Какво време не очекува утре и во следните денови?

Какво време не очекува утре и во следните денови?

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурата на воздухот ќе опадне за 5 до 7 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Во сабота ќе има стабилизирање на времето, а во недела во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Најнови вести