вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – „Црвените-ѓаволи“ се „кралеви“ на жолтите картони во Премиер-лигата

„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – „Црвените-ѓаволи“ се „кралеви“ на жолтите картони во Премиер-лигата

Манчестер јунајтед стигна и до третиот триумф во низа во Премиер-лигата откако синоќа во 5. коло славеше на гостувањето кај Лестер со 0-1. По очајниот старт на сезоната, избраниците на Тен Хаг дефинитивно изгледаат многу подобро, но се уште имаат многу работи кои мора да ги поправат.

Имено, тие досега се најнедисциплинираниот тим во лигата, откако на пет натпревари просечно добиваат по 3,4 жолти картони. Тоа е рекорд во англиската лига сезонава.