четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Главниот обвинител на Бугарија ги награди оние кои помогнаа да се спаси паднатиот српски автобус

Главниот обвинител на Бугарија ги награди оние кои помогнаа да се спаси паднатиот српски автобус

Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев ги награди седумтемина бугарски државјани кои им пружија прва помош на настраданите во тешката несреќа со српскиот автобус на 14 август на автопатот Тракија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, церемонијата се одржа во Судската палата во Софија, а присуствуваше и српскиот амбасадор во Бугарија, Жељко Јовиќ.

Јавниот обвинител им врачи плакети и заслуги на д-р Христо Стефанов, д-р Антон Елкин, Петар Канев, Живко Стамболиев, Ивилина Шкембиева, Илијан Шмилев и Теодор Бочев за нивната граѓанска храброст во брзата помош на повредените српски државјани.

Гешев во име на Обвинителството на Република Бугарија им се заблагодари на наградените и изјави дека за жал живееме во време кога добрата вест е лоша вест, а по неколку дена се сè заборава. И српскиот амбасадор во Бугарија им честиташе на спасувачите на неговите сонародници.