недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Газпром утре нема да дистрибуира гас кон ЕУ

Газпром утре нема да дистрибуира гас кон ЕУ

Руската компанија Газпром денеска најави дека утре нема да дистрибуира гас кон Европска Унија преку гасоводот Северен поток 1.

Во соопштението на Газпром се наведува дека утре нема да биде пуштен гасот поради истекување на масло од турбинскиот мотор.

Газпром пред неколку денови ја стопира испораката на гас преку Северен поток 1 поради ремонт и беше најавено дека утре ќе биде обновена доставата на гасот.

Газпром не наведе кога гасот повторно би можел да потече кон Европа преку Северен поток 1.