недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Глејзер подготвени да го продадат Манчестер јунајтед за 3,75 милијарди фунти

Глејзер подготвени да го продадат Манчестер јунајтед за 3,75 милијарди фунти

Семејството Глејзер е подготвено да го продаде Манчестер јунајтед за 3,75 милијарди фунти. Ова го пренесува „Дејли мејл“ повикувајќи се на добро информирани извори.

Останува да видиме дали толкава сума ќе може да плати најбогатиот Британец и навивач на Манчестер јунајтед, Џим Ретклиф, кој претходно се обиде да го откупи Челзи, а неодамна сакаше да купи дел од клубот од „Олд Трафорд“.

Според гласините, има уште еден сериозен претендент да стане сопственик на Манчестер јунајтед – суверен инвестициски фонд од Дубаи.

Манчестер јунајтед по двата почетни пораа, се наоѓа во серија од четири победи во тековната премиерлигашка сезона.