недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Украл скутер, па морал да го врати – приведен крадец во Гостивар

Украл скутер, па морал да го врати – приведен крадец во Гостивар

На 04.09.2022 околу 19:30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 30-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране, кој претходно на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар одзел скутер со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Џ.Р.(30) од Гостивар.

Скутерот бил пронајден и вратен на сопственикот, а Ш.Ф. бил задржан во Полициската станица Гостивар.

По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.