четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шкендија ја прекина соработката со тренерот Артим Шаќири

Шкендија ја прекина соработката со тренерот Артим Шаќири

Фудбалскиот клуб Шкендија објави раскинување на соработката со шефот на стручниот штаб Артим Шаќири.

– Соработката со тренерот Шаќири е прекината со меѓусебен договор, бидејќи клубот и тренерот сметале дека прекинот на соработката во овој момент е во најдобар интерес на двете страни. Во оваа прилика КФ Шкендија му се заблагодарува на Артим Шаќири за неговиот придонес во периодот додека го водеше црвено-црниот тим и му посакуваме здравје и многу успеси во иднина, стои во известувањето од тетовскиот прволигаш.

Шкендија под водство на Шаќири имаше забележителни настапи во еврокуповите каде немаа пораз и на пенали беа елиминирани од шведски АИК.

Во Првата лига по шест одиграни натпревари Шкендија има три победи, два нерешни резултата и еден пораз. (МИА)