петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шаќири официјално веќе не е тренер на Шкендија

Шаќири официјално веќе не е тренер на Шкендија

Фудбалскиот клуб Шкендија реши да се раздели со тренерот, Артим Шаќири.Лошиот старт на новата сезона во Првата македонска лига како и лошиот настап во Европа, се причината раководството на Шкендија да направи тренерска смена.

„Клубот и тренерот сметаат дека прекинот на меѓусебната соработка во моментов најдобро можно решение и за двете страни. ФК Шкендија му се заблагодарува на Артим Шаќири за придонесот во периодот додека го водеше тимот и му посакува многу успеси во иднина“, стои во соопштението на Шкендија.

Иако сезоната е на самиот почеток, во македонското првенство се сменети веќе тројца тренери, пред Шаќири отказ добија Седлоски од Шкупи и Стојчев од Академија Пандев.