понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Денеска почнува новата сезона во фудбалската Лига на шампиони

Денеска почнува новата сезона во фудбалската Лига на шампиони
The trophy is placed on display for the photographers before the soccer Champions League draw in Istanbul, Turkey, Thursday, Aug. 26, 2021. (AP Photo/Emrah Gurel)

Започнува новата сезона од Лигата на шампионите во која пехарот го брани Реал Мадрид. Кралскиот клуб од Глазгов ја почнува одбраната на големиот трофеј, тимот на Карло Анчелоти му гостува на Селтик.

Дербито на вечерта се игра во Париз каде ПСЖ го пречекува Јувентус. Иако станува за дуел меѓу две големи екипи, парижаните се голем фаворит според прогнозерите. Причина за тоа е квалитетот во составот, но и големиот број на повреди со кој се соочува тимот на Алегри.

Два од денешните натпревари се играат од 18:45 часот, на Максимир кај Динамо Загреб гостува Челси, а Борусија Дортмунд ќе го пречека ФК Копенхаген.

Од 21 часот играат: Бенфика – Макаби Хаифа, Селтик – Реал Мадрид, ПСЖ – Јувентус, Лајпциг – Шахтар, Салцбург – Милан и Севиља – Манчестер Сити.

Утре има два големи дерби меча, и двата се во Италија, едниот е меѓу Интер и Баерн Минхен, а другиот меѓу Наполи и Ливерпул.

Утрешниот ден од 18:45 го отвораат Ајакс – Глазгов Ренџерс и Ајнтрахт Франкфурт – Спортинг Лисабон.

Од 21 часот играат: Атлетико Мадрид – Порто, Барселона – Викторија Плзен, Клуб Бриж – Баер Леверкузен, Интер – Баерн Минхен, Наполи – Ливерпул, Тотнем – Марсеј.