сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Имаше 105 килограми, па се преполови: Еве како Ана Николиќ успеа да ја врати линијата, има совет и еден ТРИК

Имаше 105 килограми, па се преполови: Еве како Ана Николиќ успеа да ја врати линијата, има совет и еден ТРИК

Ана Николиќ вели дека успеала да ослабе после бременоста јадејќи само органска храна и тоа во многу мали количини. Пејачката за време на бременоста многу се здебелила, па во еден момент имала дури 105 килограми.

Кога нејзината ќерка Тара малку пораснала, Ана решила да ја јаде истата храна која му ја дава на детето за што побрзо да си ја врати тежината од пред бременоста. Иако се шпекулираше дека го оперирала желудникот, Николиќ неколкупати истакна дека не го направила тоа, туку дека во процесот на слабеење пиела апчиња кои и го намалувале апетитот.

-Кога решив да ослабам, бидејќи по бременоста бев двојно потешка, почнав да ја јадам храната што ја подготвувавме за Тара. Побрзав да купам органско пилешко, јагнешко, свинско… Купив лосос, ги барав тие навидум грди, црвливи јаболка. Важно ми беше само се да е органски. Го јадев она што Тара го оставаше, што е речиси ништо бидејќи ќерка ми обично јаде се, вели Ана.

Со оглед на тоа што се погрижила Тара да се храни здраво, се хранела и таа така.

-Мојот проблем беше само брокулата. Не можам да ја поднесам! Но, јадев, на пример, бриселско зелје. Количините беа исклучително мали. Избегнував само плазма и млеко од нејзиното мени, а се останато јадев, но многу малку, рече таа.

Покрај намалената исхрана и диета, Ана трчаше секој ден.

-Имам лента за трчање во мојот стан, па тренирав навистина напорно. Отсекогаш сум сакала физички активности, па не ми беше тешко. Тогаш сфатив дека многу повеќе луѓе умираат од храна отколку од глад, па воопшто не ми беше проблем да гладувам, раскажа пејачката.

Ана од 105 килограми успеа да ослабе до 55 и сега е задоволна од својот изглед. За да не испука и виси кожата, Ана покрај тренинзите редовно одела и на третмани за тело.

-Накачив толку килограми, а подоцна ослабев, но немам стрии. Се грижев за своето тело и мудро ослабев, истакнува пејачката.

ЕВА ШТО ЈАДЕ АНА НИКОЛИЌ

Појадок: Јајца какви што сакате

Ручек: Мусака од тиквички со мелено месо

Вечера: Лосос и бриселско зелје

ТРИК СОВЕТ: Вода, вода, вода! Кога мислите дека ќе умрете од глад, испијте чаша вода.

Најнови вести