среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Радовиќ: Вакви убавина од мечеви нема никаде во светот

Радовиќ: Вакви убавина од мечеви нема никаде во светот

Мирко Радовиќ како капитен на Еурофарм Пелситер го подигна првиот трофеј во новата сезона. Битолчани со драматична победа над Вардар 1961 дојдоа до титула во Суперкупот (21-22), а по средбата, Црногорецот ги пренесе импресиите од дуелот.

„Ова беше еден врвен меч и доста тешка за играње. Како што се и сите други мечеви со Вардар. Најважно е што не се предадовме додека губевме, се боревме и успеавме да дојдеме до една неверојатна победа. Ова е голем триумф за самодоверба за понатаму. Беше многу тешко да се игра во оваа атмосфера која беше неверојатна. Убавина е да се играат вакви мечеви, вакво нешто нема никаде во светот“, изјави Радовиќ.