петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јаховиќ се повлекува од македонската репрезентација

Јаховиќ се повлекува од македонската репрезентација

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски повди дека ќе нема да може да смета услугите од Адис Јаховиќ. Напаѓачот кој има 19 настапи и три голови во репрезентативниот дрес одлучи да се повлече од националниот тим.

Фудбалерот долги години со успех настапува во турското првенство и едноставно вели дека сега е време за збогум од репрезентативниот дрес, бидејќи повредите и возраста во голема мера бараат повеќе време за одмор и закрепнување.

Јаховиќ преку допис до Фудбалската федерација на Македонија ја образложи својата одлука:

– Да настапуваш во дресот на македонската репрезентација е исполнување на детскиот сон. Токму затоа воопшто не е лесно да се каже збогум, но сега е време за тоа. Не само заради мене, туку и поради репрезентацијата, соиграчите и селекторот.

Чувствувам дека повеќе не сум во можност на вистински начин да одговорам на репрезентативните обврски и сега е време чесно да го соопштам тоа.

Би сакал да се заблагодарам на сите соиграчи од репрезентацијата и целиот стручен штаб. Благодарност за селекторот Благоја Милевски за соработката и целата поддршка. Минавме и тешки и радосни моменти. Спомените ќе ги чувам засекогаш.

Во оваа репрезентација има талент и квалитет. Убеден сум дека ќе продолжат да напредуваат и да ја радуваат македонската спортска јавност. Оваа генерација на македонски фудбалери зад себе веќе има големи резултати и се што треба е да продолжат да даваат се од себе на секој натпревар за Македонија. Во победа или пораз, навивачите тоа го ценат.

Јас секогаш ќе бидам поддршка за тимот и цела репрезентација.

Напред Македонија“.

ФФМ му се заблагодари на Јаховиќ за неговиот придонес во репрезентацијата и му поскаа успех во понатамошните клупски настапи.

За македонската репрезентација Адис Јаховиќ дебитираше на 14. ноември 2012 година на пријателскиот натпревар против Словенија.