петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Детски бадникови поворки во пресрет на Божиќ

Детски бадникови поворки во пресрет на Божиќ

Како дел од прославата на Бадник и Божиќ денеска низ улиците на сите градови во Македонија вторпат се одржа манифестацијата „Бадникови поворки“ со учество на дечиња кои ја пееја Божикната песна со што го најавија Христовото раѓање.

На централната бадинкова поворка во Скопје, како и во останатите градови, учествуваа 7.000 дечиња кои ја сочинуваат и најголемата коледарска дружина во Македонија, но и во православниот свет, информираа од Здружението за возобновување на православните традиции во Македонија „Бадникови поворки“, организатор на  активностите за прославата на Бадник и Божиќ.

Децата ја пееја божикната песна и носеа божиќни ѕвезди што ја симболизира ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус. Тие носеа и специјално украсени пештери на кои е претставено Рождеството Христово. Ѕвездите и божиќните пештери ги изработуваа на работилници организирани за оваа намена каде и ја пееја божиќната песна.

Во Скопје бадниковата поворка почна од пред црквата „Пресвета Богородица“ од каде дечињата низ улиците во центарот со божиќната песна го најавија Христовото раѓање,  по што пристигнаа во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ каде ќе се приклучат на чествувањето на Бадник.

За годинашното издание на манифестацијата „Бадникови поворки“ е изработен видео спот за божиќната песна „Вечниот Бог“, во изведба на Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Влатко Лозановски, Даниел Кајмакоски, Димитар Андоновски, Некст тајм и Златните славејчиња, во продукција на „Веста“.

Бадникарски поворки првпат се одржаа лани во Скопје и во уште неколку градови, со цел да се возобнови древната традиција на правилно празнување на Бадник во духот на православното предание, наместо коледарските посети на домовите и пеење пагански песни.

Најнови вести