петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Марковски го напушти тренерското место во Работнички

Марковски го напушти тренерското место во Работнички

Фудбалерите на Работнички ќе ја продолжат сезоната во Првата македонска фудбалска лига со нов тренер, откако досегашниот шеф на стручниот штаб Љупчо Марковски денеска поднесе оставка на должноста.

Марковски заминува од тренерското место ден по високиот пораз на Работнички од Шкупи (0-5) во рамки на седмото првенствено коло.

Работнички соопшти попладнево дека оставката на Марковски е од морални причини, а екипата в среда во куп – натпреварот против БВК Коњари ќе ја предводи досегашниот прв асистент Стојан Игњатов.

Марковски седна на клупата на Работнички пред стартот на сезоната, а во воведните седум кола освои само четири бодови, оставајќи го скопскиот прволигаш на претпоследното место на табелата. (МИА)