вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Митева: Енергетските постојки работат со половичен капацитет заради криминалот на власта

Митева: Енергетските постојки работат со половичен капацитет заради криминалот на власта

Дуото Ковачевски ја внесува Македонија во енергетска неизвесност. Половина од енергетските постројки работат со половичен капацитет, затоа што за да работат со полна пареа потребни се суровини кои не се обезбедени на време заради криминалот на власта. И наместо на време да се обезбеди државата со јаглен и мазут, дуото Ковачевски се фрли на криминал, па така сега за увоз на скапа струја, со цел да се покријат недостатоците ќе бидат потребни и до половина милијарда евра. Но да тргнеме со ред, ова го изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева на денешната прес конференција.

Таа посочи дека РЕК Битола и Осломеј работат со половичен капацитет затоа што на депониите на овие два комбината нема доволно јаглен, а и тој што го има и го плаќаме како скап увоз е со слаба калорична вредност.

– Доколку овие два енергетски капацитети се ставеа во полн погон цената на струјата за домаќинствата немаше да се покачи во јули, а за покачувањето во јануари немаше ни да се разговара. ТЕЦ Неготино работи со една турбина, наместо со две затоа што дуото Ковачевски не изврши навремена набавка на мазут. Доколку оваа централа работеше со целиот свој капацитет, односно со уште 100 до 110 мегавати моќност на сегашните 90, ќе се обезбедеа дополнителни количини струја за фирмите, која немаше да биде поскапа од 200 евра за мегават час, и за разлика од сегашните до 800 евра, ќе беше и за 4 пати пониска. Вака менаџираните енергетски капацитети, со дополнително домаќинско работење со хидроакумулациите ќе обезбедеа доволно струја за домаќинствата и немаше да има потреба од покачувања на цената, но и евтината струја за фирмите ќе беше реалност. Доколку власта наместо да договара тендери за транспорт на јаглен и мазут ако почнеше да работи и ја снабдуваше државата со овие суровини, без некој да зема проценти, во голема мера ќе се избегнеше и инфлацијата, која е резултат на високите цени на струјата. Негрижата и криминалот на дуото Ковачевски ја донесе државата до ситуација на неизвесност. Илјадници фирми се загрозени, и 500.000 наши сограѓани живеат со по 150 денари на ден и се пред целосна сиромаштија, појасни Митева.

Портпаролката додаде дека повеќе од очигледно е дека оваа влада нема капацитет да се справи со кризата, а во исто време поважен им е профитот од доброто на државата, и затоа потребни се предвремени парламентарни избори за смена на оваа власт.