сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Блинкен изрази длабока загриженост до Алијев и Пашињан поради повторните судири меѓу двете земји 

Блинкен изрази длабока загриженост до Алијев и Пашињан поради повторните судири меѓу двете земји 

Државниот секретар Ентони Блинкен одделно разговарал со премиерот на Ерменија, Никол Пашињан, и со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев „за да изрази длабока загриженост поради воените акции долж ерменско-азербејџанската граница, вклучувајќи гранатирање во Ерменија“, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

-Државниот секретар ја истакна потребата од деангажман на воените сили и (одделно) ги увери премиерот Пашињан и претседателот Алијев дека САД ќе притиснат за итно запирање на борбите и мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан, јавија денеска од американскиот Стејт департмент.  (МИА)