понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Касемиро за засилувањето на Јунајтед: Многу е важно што имаме играч со таков квалитет

Касемиро за засилувањето на Јунајтед: Многу е важно што имаме играч со таков квалитет

Касемиро ја започна оваа сезона во Реал Мадрид, но потоа стигна повикот од Манчестре Јунајтед, повик кој не го одби и направи трансфер на „Олд Трафорд“.

Бразилецот се уште нема влезено во посакуваниот ритам, односно допрва се очекува најдоброто од него или поточно она што со години го правеше во дресот на „кралевите“. Меѓутоа големиот борец е задоволен од тоа како течат неговите први недели во клубот од Манчестер.

-Ме натераа да се чувствувам удобно овде од првиот ден. Навистина сум среќен со моите соиграчи, тие секогаш ми помагаат. Тренерскиот тим секогаш ми ги објаснува работите јасно, ми оди навистина добро и многу сум среќен, -рече Касемиро кој упати комплименти за неговиот сонародник Антони кој исто притигна во клубот во текот на летниот преоден рок.

-Мислам дека е навистина важно да имаме таков квалитетен играч овде [како Антони] со нас. Го знаев веќе од националниот тим. Тој играше со нас во Бразил, секогаш е важно да има играчи на нивото на Антони, заклучи Бразилецот.