понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Паулињо го пропушти тренингот

Паулињо го пропушти тренингот

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Тите, повторно ги немаше сите играчи на располагање на вчерашниот тренинг, иако беше најавено комплетирање на тимот со враќањето на Даглас Коста и на Марсело кои закрепнаа од повредите.

Овој пат отсуствуваше Паулињо кој е неизвесен за четвртфиналето. Сепак, во стручниот штаб на „кариоките“ се уверени дека со него се ќе биде во ред до следниот натпревар.

– Отсуството на Паулињо не се должи на болката во грбот од која се пожали по натпреварот од  осминафиналето со Мексико, туку од потребата на време да закрепне, соопштија од бразилскиот национален тим.

Во четвртфиналето, Бразилците утревечер од 20 часот во Сочи ќе играат со Белгија.