четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар и Еурофарм Пелистер остварија убедливи победи

Вардар и Еурофарм Пелистер остварија убедливи победи

Најдобрите македонски ракометни состави, Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер остварија рутински победи на денешните средби од второто коло во Суперлигата.

Шшампионот Вардар го надигра Бутел со 30-21. „Црвно-црните“ имаа контола на резултатот и играта во двете полувремиња, па така по 30 минути беше 16-12, предност која избраниците на Недановски ја зголемија во продолжението.

Чувара, Талески и Ќосевски постигнаа по 5 гола, додека Томовски имаше 8 одбрани.Во Битола пак Пелистер беше подобар од Голден Арт со 32-25. Гостите од Скопје одлично се носеа со фаворитот во првото полувреме (14-14), но „фармацевтите“ потоа покажаа многу повеќе, заиграа подобро како во нападот така и во одбраната и дојдоа до посакуваните бодови. Хосни со девет постигнати погодоци беше најрасположен играч за игра во салата „Боро Чурлески“.