недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ЛШ: Адеми и Ристовски со пораз се враќаат од Милано

ЛШ: Адеми и Ристовски со пораз се враќаат од Милано

Милан дојде до првата победа во Лигата на шампионите во оваа сезона, победа остварена над Динамо Загреб (3-1) на нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

„Росонерите“ важеа за фаворити на „Сан Сиро“ и тоа го потврдија на теренот со три погодоци во мрежата на Ливаковиќ. Во финишот на првото полувреме погоди Жиру од пенал, додека во второто полувреме стрелаа Салемакерс и Побега кој всушност го постави конечниот резултат.

Единствениот гол за Динамо беше дело на Оршиќ во 56 минута по одличната асистенција на Петковиќ.

Адеми го одигра целиот натпревар, додека Ристовски беше активен до 78 минута.

На другата средба во истиот термин, Шахтјор и Селтик одиграа без победник 1-1.