среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Урсула фон дер Лајен во трета посета на Киев од почетокот на војната

Урсула фон дер Лајен во трета посета на Киев од почетокот на војната

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев во својата трета посета на Украина од почетокот на војната.

Француските медиуми наведуваат дека за време на посетата таа ќе разговара со украинските претставници за плановите на земјата за интеграција во Европската унија.

„Во Киев, во трета посета од почетокот на руската војна“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Претседателката на Европската комисија за време на престојот во Киев треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот Денис Шмигал.