недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Суспендирајќи го правниот поредок Талат Џафери покажа зошто оваа власт треба да си замине час поскоро

Мицкоски: Суспендирајќи го правниот поредок Талат Џафери покажа зошто оваа власт треба да си замине час поскоро

Мислам дека прво што Талат Џафери направи е што се стави над сите судови во Македонија, он е сега судија над сите судови бидејќи он се стави над Уставниот суд, над уставните судии и нивните ингеренции и досуди дека ова било спротивно на Уставот. И со тој потег, бидејќи гледам дека и поддржувачи на СДСМ жестоко го критикуваат, тој не само што на отворена сцена се избрука себеси, туку ги избрука и тие кои што беа фасцилитатори на овој таканаречен последен предлог, затоа што он дефинитивно го окупираше, го приватизираше правниот и уставниот поредок во Македонија. Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 говорејќи за иницијативата за Референдум која беше одбиена од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Мицкоски додаде дека ваквото однесување можеби на Талат Џафери ќе му донесе поени кај поддржувачите на неговата партија, но со ваквата постапка се прави трајна штета бидејќи исклучокот ако се повтори станува правило.

„Претпоставувам дека тоа така му е кажано затоа што ваквиот начин на однесување претпоставувам дека кај неколку илјади негови поддржувачи на неговата партија носи поени и тие велат браво одлично им покажа мускули, ти си тој, ние сме тие што тука владеат и што кажуваат како треба. Но не сфаќа дека направил трајна штета затоа што ова што тој го направи можеби некоја следна генерација ќе го користи како правило понатаму бидејќи исклучокот ако се направи еднаш станува правило и секој ќе се повикува на тоа правило“, потенцираше Мицкоски.

Тој исто така истакна дека со ваквото суспендирање на уставниот поредок, Талат Џафери уште еднаш покажа дека оваа коалиција треба да си замине.

„Такашто, он на овој начин суспендирајќи го уставниот поредок на Македонија, уште еднашка покажа дека оваа коалиција треба да замине за да на Македонија и тргне. И тоа е причината што ние континуирано велиме дека потребни се предвремени избори, нагласи Мицкоски.

Најнови вести