сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Имавме само два инцидента, вели Брнабиќ за денешната ЛГБТИ-прошетка, чувана од 5.200 полицајци

Имавме само два инцидента, вели Брнабиќ за денешната ЛГБТИ-прошетка, чувана од 5.200 полицајци

Српската премиерка Ана Брнабиќ на вонредна прес-конференција околу прошетката на ЛГБТ-активистите во Белград која се одржа денеска, рече дека „полека привршува една исклучително тешка и предизвикувачка недела“.

„Би сакала да изразам благодарност до огромното мнозинство граѓани на Србија бидејќи покажаа толеранција, разбирање и пред сѐ грижа за земјата и разбраа се за што разговаравме во последните две недели. Имавме ден кој помина без поголеми инциденти и горда сум на тоа“, изјави Брнабиќ.

„Денеска беа ангажирани околу 5.200 полицајци. Имавме само два поголеми инцидента. Во двата случаи, припадниците на МВР го решија проблемот и се погрижија инцидентите да не се шират. Во текот на оваа недела се случија повеќе од 130 различни настани и немавме ниту еден поголем инцидент, напад или повреда. Тоа добро зборува за нашите граѓани, за секој што живее овде“, вели премиерката.

Но, оценката на српската премиерка не е најпрецизниот опис на она што се случуваше денеска на белградските улици. Уште пред почетокот на денешната програма на „Европрајд“, во чии рамки беше и прошетката на активистите низ центарот на Белград, анти-ЛГБТ демонстранти, во чии редови имаше и монаси и попови, се судрија со полицијата, обидувајќи се да се доближат до активистите и да ги спречат. На повеќе места имаше жестоки пресметки на маскираните демонстранти и специјалците, се слушаа топовски удари, а полицијата употреби солзавец. Повредени се 12 полицајци, оштетени се пет полициски возила, а десетици противници на „Европрајд“ се уапсени. Имаше и спорадични ситуации во кои беа нападнати учесници на „Европрајд“.