Тренерот на фудбалскиот клуб Барелона Чави веќе не смета на тројцата играчи со најдолг стаж во клубот. Жерар Пике, Жорди Алба и Серхио Бускетс кои на клупата за резервни играчи го следеа мечот со Елче.
Капитенската лента ја зеде голманот Марк Тер-Штеген, а во игра не влегоа тројца фудбалери кои некогаш му беа соиграчи на Чави.
Младиот Алекс Балде, кој е огранок на школата на Барса, си го „зацементира“ местото покрај левата аут линија додека стоперскиот тандем го направија Гарсија и Араухо, додека дури и Френки де Јонг има предност пред Бускетс во средниот ред.
Ваквиот однос кон поранешните ѕвезди ги принуди шпанските новинари да развијат теорија дека клубот наскоро ќе им се заблагодари на сите тројца фудбалери за соработката.