Американскиот претседател Џозеф Бајден отпатува во Велика Британија за да и оддаде почит на британската кралица Елизабета Втора.
Се очекува претседателот Бајден денеска да и оддаде почит на британската кралица, објави Ројтерс.
Бајден денеска требаше да се сретне со британската премиерка Лиз Трас, но нејзиниот кабинет денеска соопшти дека тие ќе се сретнат на Генералното собрание на Обединетите нации во среда во Њујорк.