Матијас Погба добил притвор заедно со уште неколку членови на групата која го уценувала и се обидела да му изнуди пари на неговиот помлад брат Пол.
Фудбалската ѕвезда пред два месеца ја информирал полицијата дека неколку пријатели од детството и неговиот брат Матијас се обиделе да му изнудат голема сума на пари, а за возврат би му гарантирала „безбедност“.
Судот во Франција решил да испрати пет лица во притвор во пресрет на почетокот на судењето, додека членот на Јувентус е во Торино и се рехабилитира од сериозната повреда која ја заработи за време на подготовките.
Матијас Погба излезе во јавноста со видео во кое најави дека ќе објави многу проблематични информации за неговиот брат, но подоцна се повлече бидејќи обвинителството потврди дека е во тек истражна постапка за делото изнудување пари, а во кое осомничен е и постариот брат на фудбалерот.