понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Грција испрати хуманитарна помош за Пакистан

Грција испрати хуманитарна помош за Пакистан

Медицински материјал, шатори, хируршки ракавици, ќебиња и вреќи за спиење содржи хуманитарната помош што Грција ја испрати до Пакистан по поплавите што неодамна ја погодија земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштија дека одговориле на итните хуманитарни потреби на Пакистан и денеска, со транспортен авион на воздухопловните сили, испратиле хуманитарна помош што е во соработка со Министерството за климатска криза и цивилна заштита, со Генералштабот на армијата и Грчкиот Црвен крст. (МИА)