четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Земјотрес од 7,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес од 7,6 степени го погоди Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико. Според мексиканските сеизмолози, магнитудата е 7,4 степени, а епицентарот на земјотресот бил на брегот на Пацификот.

Според Американскиот геолошки институт (USGS) земјотресот бил со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала и го погоди крајбрежјето на пограничниот регион на државите Мичоакан и Колима на длабочина од околу 15 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Мексико Сити, каде што по потресот граѓаните почнале да излегуваат од зградите на улиците. Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шеинбаум, рече дека во моментов нема извештаи за материјална штета.

Земјотресот го погоди Мексико во истиот ден како разорните земјотреси во 1985 и 2017 година.

Илјадници луѓе загинаа во земјотресот во 1985 година, а повеќе од 350 загинаа во земјотресот во 2017 година.