На 19.09.2022 во 14.45 часот на патот с.Горно Којнаре кон с.Табановце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот дале знак за запирање на патничко возило „бмв“ со со скопски регистарски ознаки и патничко возило „алфа ромео“ со швајцарска национална ознака.
Возилата набргу застанале, по што возачите и неколку лица мигранти побегнале.
При контрола, во возилото „алфа ромео“ биле пронајдени четири мигранти, од кои тројца од Сирија и еден од Судан, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.