среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Канаваро се враќа во Италија

Канаваро се враќа во Италија

Поранешниот италијански фудбалер Фабио Канаваро веќе почна да работи како тренер, а за првпат во кариерата ќе предводи тим од Италија.

Легендарниот фудбалер е пред трансфер на тренерското кормило на Беневенто од Серија Б.

Преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза и наскоро се очекува тој и официјално да биде промовиран во нов тренер на Беневенто.

Италијанецот досега беше менаџер на клубови од Саудиска Арабија и Кина, па ова за него ќе биде прв предизвик во Европа.