петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ердоган од Њујорк повика на достоинствен излез за страните од судирот во Украина

Ердоган од Њујорк повика на достоинствен излез за страните од судирот во Украина

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска од говорницата на Генералното собрание на ОН повика да се најде „достоинствен” излез на сите страни од судирот во Украина.

– Заеднички мораме да најдеме разумно дипломатско решение што на обете страни ќе им понуди достоинствен излез од кризата”, рече Ердоган во Њујорк.

Претседателот на Турција додаде дека треба да се интензивираат напорите за завршување на војната, врз основа на „територијален интегритет и независност на Украина”.

Ердоган додаде дека треба да победи чесен мировен процес, потсетувајќи дека Турција успеа од почетокот на конфликтот на своја територија да собере претставници и на Русија и на Украина.

Турскиот претседател кој успеа да ги одржи врските и со Москва и со Киев од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, редовно се нуди да посредува во конфликтот, повторувајќи ја потребата од изнајдување договор што ќе ги задоволи двете страни.