Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател на Твитер објави слика од видео-конференција за која рече дека ја одржал со членовите на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на САД.
-Повеќе од шест месеци целосна војна против Украина, Русија не успеа да ја постигне својата цел. Ова се случи благодарение на храброста на украинскиот народ и помошта на нашите меѓународни партнери, напиша Јермак на Твитер. (МИА)