понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалската репрезентација го одработи последниот тренинг пред мечот со Грузија

Фудбалската репрезентација го одработи последниот тренинг пред мечот со Грузија

Македонската фудбалска репрезентација го одработи последниот тренинг пред мечот со Грузија. Утре ќе биде важен пристапот и начинот на фудбалерите кои ќе се спротистават на Грузијците.

Против себе фудбалерите на Македонија ќе ја имаат и домашната публика и според информациите стадионот е распродаден за овој меч до последното место.

Натпреварот меѓу Грузија и Македонија, а терминот за почеток според е 18:00 часот по македонско и 20:00 часот по грузиско време.
Познати се официјалните лица кои ќе ја делат правдатата на утрешниот меч кој започнува од 18 часот, па така главниот збор ќе го има Иван Кружлиак од Словачка, арбитар кој ни има судено против Исланд во квалификациите за Светското првенство во Русија (2-2).
Исто така ја има делено правдата на младата селекција и тоа на ЕП во 2017 година во дуелот со Португалија кој го загубивме со 4-2.Ќе му помагаат сонародниците Бранислав Ханцко и Јан Позор како помошници, додека Петер Кралович е четврти судија.
Кога е во прашање ВАР собата таму ќе бидат  Италијанците, Паоло Валери како главен и Марко Бресмес како асистент,